Ѓоко Хаџиевски го донесе внукот Стојановски во Спартак Варна

Македонскиот напаѓач Георг Стојановски е ново засилување на бугарскиот прволигаш Спартак Варна. Дваесетедногодишниот фудбалер ќе работи под водство на својот дедо, познатиот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски, кој неодамна беше именуван за шеф на стручниот штаб на клубот.

Стојановски доаѓа од редовите на Шкупи, а фудбалски се развиваше во академијата на Вардар. Во својата кариера има настапувано и за Тетекс, Работнички, како и за екипата на Хата од Обединетите Арапски Емирати.

Во Спартак Варна ќе ја засили офанзивната линија заедно со бугарскиот напаѓач Даниел Халачев.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.