Ѓокереш се налути и со еден потег „му раскина“ на Спортинг!

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш на прилично неславен начин ќе ја заврши етапата во португалскиот Спортинг, откако реши да го отследи клубот од социјалните мрежи и ги избриша сите објави поврзани со него. 

Оваа одлука доаѓа откако клубот не го испочитува договорот и постави исклучително висока цена за негов трансфер. На почетокот било договорено дека максималната сума би изнесувала 60 милиони евра, но Спортинг сега бара многу повеќе. 

Интересот за Ѓокереш е огромен, тоа е напаѓачот кој сезонава постигна неверојатни 50 погодоци во сите конкуренции, а наскоро се очекуваат и повеќе информации за неговата следна дестинација во кариерата. 

Како најзаинтересирани клубови за неговите услуги се споменуваат Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Јувентус, Баерн Минхен и уште неколку европски гиганти. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.