• Зоран Мишевски
Шведската гол-машина, Виктор Ѓокереш е најдобар стрелец на четвртото издание на Лигата на нации. Иако играше во Лига Ц, со релативно послаби противници, напаѓачпот на Спортинг доби шанса на шест натпревари и постигна девет гола заокружувајќи го своето најдобро натпреварување за националната селекција.
Швеѓанецот со унгарско потекло му побегна за еден гол на Кристијано Роналдо, а со по седум гола на третото и четвртото место заврши Ерлинг Халанд од Нпрвешка и Георги Мукаутадѕе од Грузија. Романецор Разван Марин постигна шест гола.
Македонската репрезентација ова издание на Лигата на нации го заврши со пет победи и едно реми и како првопласирана се промовираше во Лига Б. Следниот циклус на најмладото натпреварување на УЕФА почнува во септември 2026 година, веднаш по Светското првенство.
ФОТО/PHOTO: UEFA