Ѓока: Се препотивме за шампионскиот успех, не смее да играме вака!

Шкендија е актуелен шампион и сигурно ќе биде на врвот по крајот на ПМФЛ, но тренерот Ернест Ѓока не беше задоволен од пристапот на своите играчи на дуелот против Струга, кој тетовчани го загубија (0-2). По осум победи во низа, или 12 меча по ред без пораз, Шкендија го „положи оружјето“ и ја врати Струга ТЉ во борба за Европа.

„Првото полувреме беше доста лошо. Мора да разбереме дека мора да играме на ниво иако сме веќе шампиони. Мора да сме мотивирани и да ја вршиме работата. Грешки има за време на средби, но тие мора да бидат што е можно помалку. Мора да бидеме фокусирани, не смее да играме на ваков начин. Пролеавме многу пот оваа година за да дојдеме до успехот и да бидеме шампиони, не смее вака да изгледаме релаксирано“, кажа Ѓока по мечот.

До крајот на ПМФЛ има уште две кола, а тетовчани во следното ќе гостуваат кај Македонија ЃП.