Ѓока: Сакам да видам машки пристап и максимална Шкендија

Македонскиот првак Шкендија е пред последното есенско коло во ПМФЛ, а ривал е лидерот Вардар. Тренерот на тетовчани, Ернест Ѓока, го најави за него првото дерби во лигата и истакна дека овој дуел е многу важен за првакот и се посакува најдобро издание.

„Не очекува еден многу важен натпревар, којшто ќе биде како баланс за оваа втора фаза што ја остваривме јас и мојот стручен штаб откако сме во Шкендија. Го цениме дербито со Вардар, одиме со максимален пристап кон него. Сакаме да го извадиме максимумот од тимот во овој меч, работевме да бидеме силни, како на играчки потенцијал, така и на тактички и психолошки план. Очекувам еден силен натпревар, а и Шкендија да биде на ниво“, вели Ѓока.

Шкендија е на второто место во ПМФЛ со 27 бода, додека Вардар е лидер и има 35 бода. Актуелниот шампион нема пораз од Вардар вкупно 11 меча во сите конкуренции, а последниот неуспех беше во 2017 година, во рамки на ПМФЛ (4-2).

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15