Ѓока: Пелистер максимално ни се спротистави, не беше лесно да се победи

Против екипа која прими само три гола во шест кола, Шкендија постигна три погодоци во деведесет минути и тоа на гостински терен и јасно порача кој е кој во ПМФЛ. Од Битола, тетовчани си заминуваат со три бода и многу позитивни вибрации.

Сепак, не беше баш лесно да се „скрши“ организираниот тим на Зоран Штерјовски. Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока призна дека наишле на сериозен и мотивиран противник.

„Не беше лесен натпревар овој во Битола. Противникот ни се спротистави максимално, посебно по брзиот гол. Тимот реагираше добро и на крајот успеавме да дојдеме до целта. Од Тотенхем до Пелистер во само три дена - тоа се моменти кои мора да се надминат и поминат“, изјави Ѓока по третата гостинска победа на Шкендија сезонава.

Во следното коло Шкендија следниот викенд на домашен терен игра против Силекс.