Ѓока: Не сум задоволен од ремито, Шкендија има задача да победува на сите натпревари

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија запиша нов неуспех во Првата македонска фудбалска лига, откако на денешното дерби во Кратово, одигра само 0-0 против живалиот Силекс.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Силекс ја сопре Шкендија, Вардар избега на „плус десет“

Дербито без голови ги оддалечи тетовчани од трката за титулата во домашниот шампионат, а по натпреварот во Кратово, тренерот Ернест Ѓока не го криеше незадоволството од резултатот против третопласираната екипа на табелата. 

„Не сум задоволен од резултатот, затоа што Шкендија има задача да победува на сите натпревари. Денес одигравме натпревар со две лица. Во првиот период не одигравме како што треба, додека во вториот со влегувањето на Радески направивме промени во формацијата и пристапот на игра и бевме далеку подобри. Имавме иницијатива, шанси, но сепак не реализиравме. Нам ни преостанува да работиме напорно и со подигнати глави да го продолжиме првенството“, рече албанскиот стратег. 

Од денешното реми меѓу Шкендија и Силекс најмногу профитираше Вардар, кој сега избега на десет бода во однос на шампионот, а е 11 пред кратовчани.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Спорен момент во Кратово, Силекс не доби чист пенал со Шкендија!?

<<< ПОВРЗАНО - Лудница во Кратово: Шкендија утна три зицери, во една акција (ВИДЕО)

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15