Ѓока: Моите фудбалери покажаа како се игра за клубот кој се сака

Шкендија со две победи на гостински терен авторитетно се пласира во третото коло на Лига Европа и ја сочува мрежата незатресена и во Азербејџан и во Романија. Архитектот на успехот, Ернест Ѓока им честита на момците за подвигот во Ботосани, остварен играјќи 20-тина минути со човек помалку.

На официјалната прес-конференција албанскиот стручњак изјави:

„Моите фудбалери покажаа како се игра за клубот кој се сака. По водството предноста одлично ја чувавме и целосно го неутрализиравме тимот на Ботошани. Мислам дека нашиот пласман во следната рунда е заслужен. Големо браво за сите фудбалери на Шкендија“.

Шкендија следниот четврток на 24 септември ќе го пречека Тотенхем, а утре ќе дознае кој би бил хипотетички ривал во плеј-офот ако биде елиминиран тимот на Мурињо.