Ѓока: Фудбалот е суров, пак нè казнија за сите промашувања!

Можеби Шкендија ја навикна македонската јавност на добри изданија во летните месеци, но сезонава целосно потфрли и загуби на сите натпревари од евро-куповите. Тренерот Ернест Ѓока, чија клупа не е така сигурна како минатата сезона, немаше рационален одговор за поразите, туку оправдување побара во лошата среќа при реализацијата/

„Се обидовме да дадеме максимум, но пак немавме среќа. Фудбалот е суров. Верувам дека овој тим има потенцијал. Впрочем, ова е истиот тим кој играше минатата сезона, освои и титула во ПМФЛ, но нè казнија на сите четири натпревари за слабата реализација.

Други ни беа плановите, но се случи спротивното“, изјава Ѓока.

Следна цел на тетовчани е почетокот на шампионатот на Македонија, а Шкендија ќе ја почне одбраната на титулата против Тиквеш на осми август.