• Горан Упале
Манчестер Јунајтед на најдобар можен начин се врати во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ пред својата публика одиграа сигурен и квалитетен натпревар и со убедливи 4-0 (3-0) го совладаа дебитантот Сабах.
- Манчестер Јунајтед - Сабах 4-0:
Избраниците на Мајкл Керик уште од самиот почеток наметнаа силно темпо, а отпорот на гостите беше скршен во 27. минута. Матеус Куња ја затресе мрежата за 1-0, по што Јунајтед продолжи да притиска. Само петнаесет минути подоцна, Бруно Фернандеш ја удвои предноста, а во самата завршница на првиот дел Бенџамин Шешко погоди за убедливи 3-0 и практично го реши прашањето на победникот на „Олд Трафорд“. Во второто полувреме Манчестер Јунајтед рутински ја контролираше ситуацијата на теренот, а конечните 4-0 ги постави Лисандро Мартинез во 68. минута.
Убедлива победа забележа и минхенски Баерн Минхен. Германскиот шампион дури во второто полувреме го скрши отпорот на Бодо/Глимт и со триумфот од 5-0 ги впиша првите бодови на своето конто во сезоната во елитата. Резултатот го отвори Мусиала во 47 минута, а само четиринаесет минути подоцна погоди и Хари Кејн. Во листата на стрелците се запиша и Дејвис, додека точка на победата на Баварците стави Олисе со головите во 83. и 92. минута.
- Комо - РБ Лајпциг 4-1:
Вечерва ќе се слави и во Комо, каде што падна германски РБ Лајпциг. Момците на Сеск Фабрегас на своето деби извојуваа триумф од 4-1, а творци на историскиот момент беа Батурина, Дувикас, Диао и Пероне. Единствениот гол за „биковите“ го постигна Максимовиќ.
- Славија Прага - Ленс 2-3:
На последниот натпревар од вечерашната програма во Лигата на шампионите Славија Прага со играч прокоцка водство од 2-1 и со два примени во судиското надополнување загуби од Ленс со 2-3.







