ВИДЕО: „Ѓаволите“ против Њукасл за прв трофеј по шест години

Екипата на Манчестер Јунајтед со втора победа над Нотингем Форест (2-0) се пласира во финалето на Лига Купот и ќе игра за првиот трофеј по шест години.

  • Извештај од натпреварот:

Последната титула на која ѝ се радуваа „ѓаволите“ беше онаа во Лигата на Европа освоена со Жозе Мурињо во 2017 година. Оттогаш немаат донесено трофеј во своите витрини, а Лига Купот ќе биде идеална шанса за такво нешто.

Тен Хаг штедеше сили и имаше на терен тим кој беше комбиниран и кој не играше со максималната сила. Се чекаше на голови до последниот дел од мечот, кога паднаа два во три минути. Прво Ентони Марсијал погоди во 73. минута за 1-0, а три минути подоцна Фред ги постави конечните 2-0. Двоен асистент беше Маркус Рашфорд.

Но, задачата во финалето на „Вембли“ нема да биде воопшто лесна, затоа што Манчестер Јунајтед против себе ќе го има Њукасл Јунајтед на Еди Хау кој игра страшна сезона и бележи големи резултати.

Состави

Ерик тен Хаг

4-3-3

    Стив Купер

    4-4-2