ВИДЕО: „Ѓаволите“ не се исплашија од „пчелите“ од Брентфорд

Екипата на Манчестер Јунајтед ја прекина серијата без победа. По две кола, избраниците на Ралф Рангник убедливо славеа на гости кај Брентфорд (1-3) во рамки на Премиер лигата и така на табелата се изедначија со Арсенал.

  • Извештај од натпреварот:

„Ѓаволите“ не се исплашија од „пчелите“ од Брентфорд кои оваа сезона ги намачија Манчестер Сити и Челзи, го победија Арсенал, а му откинаа бодови и на тогаш разиграниот Ливерпул. Сите голови на мечот паднаа во второто полувреме, меѓу нив не беше најдобриот играч на Јунајтед, Кристијано Роналдо.

Во првото полувреме Јунајтед немаше ниту еден шут во рамки на голот на домаќинот. Но, паузата како да му годеше на гостинот, па со два брзи гола се отвори патот кон победата. Прво младиот Еланга во 55. минута, а потоа и Гринвуд во 62. минута стрелаа во мрежата на Лосл, па следеше погодок на Рашфорд во 77. минута и сите дилеми беа разрешени. Почесен гол за домашниот тим кој играше офанзивно даде Тоуни во 85. минута.

За Манчестер Јунајтед ова беше десетта сезонска победа. Брентфорд го доживеа единаесеттиот пораз, или петти во последните шест кола и црвениот аларм е запален. Сепак, „пчелите“ се далеку од опасната зона, барем засега.

Состави

Thomas Frank

3-5-2

    Ралф Рангник

    4-2-3-1