„Ѓаволите“ го исфрлија Челзи од Лига Европа, Њукасл остана со празни раце

Екипата на Манчестер Јунајтед направи изненадување и успеа да слави над Манчестер Сити (1-2) во финалето на ФА Купот, па така следеше и промена на европските места во најквалитетната лига на Островот.

Поради победата на „ѓаволите“ во најстарото светско фудбалско натпреварување, тимот доби место во Лигата на Европа. Челзи го загуби местото во Лигата на Европа, па ќе мора да игра во Конференциската лига на УЕФА.

Најлошо од сите екипи мина Њукасл, кој и покрај сите напори, нема да игра во европските купови затоа што Манчестер Јунајтед стана шампион во ФА Купот.

Најнови вести од
ФА Куп, Англија