„Ѓаволите“ допрва ќе жалат за Де Хеа: Аматерска реакција на Онана во Минхен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед тргнаа одлично против Баерн Минхен, меѓутоа нивната добра игра се распадна за само неколку минути. 

По една минијатура и двојно проигрување на Лирој Сане и Хари Кејн, баварците лесно поведоа. Сане со удар од шеснаесетникот го даде првиот гол на „Алијанц Арена“. 

Сепак, останува впечатокот дека голманот Андре Онана можеше да реагира многу подобро. Камерунецот се фрли и беше „на топка“, ама не успеа да ја скроти.

Веќе има големи критики на контото на Онана, а навивачите се лути бидејќи се потрошија пари за голман кој засега не покажува ништо. Спротивно на тоа, „ѓаволите“ прелесно се откажаа од долгодишниот голман Давид Де Хеа.

Состави

Томас Тухел

4-2-3-1

    Ерик тен Хаг

    4-2-3-1