• Зоран Мишевски
Борусија Дортмунд се намачи, но дојде до победа на гостувањето кај Аугсбург во рамките на деветтото коло на германскиот шампионат. „Жолто-црните“ извојуваа победа од 0-1 (0-1) и ја продолжија потрагата по лидерот и шампион Баерн Минхен.
- Извештај од натпреварот:
Иако уморни по тешкиот Куп-дуел во Франкфурт во средата, фудбалерите на Борусија Дортмунд почнаа одлично и креираа неколку зрели шанси во раната фаза. Иницијативата на Борусија Дортмунд ја круниса Серху Гираси со погодок за 0-1 во 37. минута.
Следеше збркан втор дел, неколку полушанси на двете страни, но мрежите мируваа. По еден час игра шанса доби Џоб Белингам и се наметна во последната фаза од натпреварот. Сепак, и покрај опциите за гол на двете страни резултатот не се менуваше и бодовите заминаа за Дортмунд.
Со оваа победа тимот на Нико Ковач го прескокна РБ Лајпциг и со 20 бода изби на второто место на табелата. Неприкосновен лидер е Баерн Минхен со 24 бода и натпреварот помалку, утрешното дерби против Баер Леверкузен.









