ВИДЕО: „Гипсарите“ бадијала протестираа – Емини од пенал носи нова радост за „лавовите“

Екипата на Македонија Ѓорче Петров чекорат кон нова победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), затоа што по првите 45 минути против Ренова има сигурно водство од 2-0. 

Резултатот го отвори Петров уште во 11. минута, додека комотна предноста на „лавовите“ донесе Емини од белата точка. Но, вториот гол на гостите од Скопје крена многу прашина на „Градскиот стадион“ во Тетово, затоа што домашните фудбалери бурно реагираа кон судиите, сметајќи дека немаше контакт за најстрога казна, но Качевски не ја промени својата првична одлука.

  • Спорниот момент во Тетово: 

Ренова и на денешната средба покажува дека е далеку од посакуваната форма на стартот на шампионатот и доколку не успее нешто драстично да промени во вториот дел, тешко веројатно дека ќе може да избегне уште еден пораз, кој ќе биде четврти во низа.