Гимараеш: Неверојатен чекор за мене, сакам да освојам сѐ со Арсенал!

Бруно Гимараеш и официјално е нов фудбалер на Арсенал. Бразилскиот репрезентативец го напушта Њукасл по четири и пол години, а „топџиите“ за неговиот трансфер ќе издвојат 87,5 милиони евра.

Гимараеш успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на четиригодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона.

„Ова е неверојатен чекор во мојата кариера. Арсенал е клуб со голема традиција и шампионски амбиции и среќен сум што станувам дел од оваа приказна. Подготвен сум да дадам сè од себе за да ги оствариме целите и да ги израдуваме навивачите“, изјави Гимараеш по потписот.

Бразилецот ќе го задржи бројот 39 на дресот, а од него се очекува да биде важна алка во средниот ред, каде што ќе соработува со Деклан Рајс и Мартин Одегард. Со неговото пристигнување, лондонскиот клуб добива уште една сериозна опција во борбата за највисоките цели.