Гилмор заминува од Челзи и ќе игра на позајмица во Норвич Сити

Били

Талентираниот фудбалер на Челзи, Били Гилмор, ќе ја продолжи кариерата во екипата на Норвич Сити како позајмен фудбалер.

Лондонскиот тим ќе се ослободи од шкотскиот играч за врска на една сезона. Новата средина на 20-годишникот ќе му овозможи повисока минутажа, со оглед на големата конкуренција на „Стемфорд Бриџ“.

Томас Тухел ја одобрил оваа одлука на управата на „сините“. Германецот во младиот офанзивец гледа идна клучна алка во екипата од Лондон.

Гилмор запиша само единаесет настапи во изминатата сезона и често добиваше шанса од клупата за резерви.