• Саше Љолес
Славниот велшки фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, изјави дека клубот треба да се потруди да го продаде Маркус Рашфорд во летниот преоден рок и засекогаш да ја заврши сагата со некогашниот огромен талент на англискиот фудбал.
Рашфорд во моментов е на позајмица во Астон Вила, од каде најавија дека би сакале да го задржат во тимот, а Гигс смета дека тоа би бил вистински чекор за управата на „ѓаволите“.
„Гледам дека Вила има интерес да го откупи договорот на Рашфорд. Тоа би бил одличен потег за Јунајтед, мислам дека е крајно време да се ослободат од него.
Ми делува дека Маркус е среќен во Бирмингем, па затоа најдобро е двете страни да ја прекинат соработката и тој конечно да стане играч на друг клуб“, рече Гигс.
Рашфорд засега остави солиден впечаток во тимот на Унаи Емери, каде забележа четири гола и пет асистенции во сите натпреварувања.