Гигантите се „тепаа“ за него, но тој реши да остане соиграч на Елмас!

На големо се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата одличниот млад напаѓач на Словенија, Бенџамин Шешко. Европските гиганти се тркаа за него, а два дена пред Европското првенство добивме одговор.

РБ Лајпциг успеа да го задржи фантастичниот голгетер. 21-годишниот играч го продолжи договорот до 2029 година. За него постоеше голем интерес од неколку европски гиганти, меѓу кои Арсенал, Челзи, Атлетико Мадрид... Со оглед на тоа дека веќе е член на тимот во Бундеслигата, тајмингот на потписот не бараше долго патување, труд и чекање.

РБ Лајпциг навести добра вест со соопштение, во кое Шешко вели дека сè уште не е готово, па следуваше официјален став во кој се истакнува важноста на неговиот развој во повисока класа.

Шешко со 20 години и 111 дена стана најмладиот стрелец на клубот во Лигата на шампионите. Исто така, тој успеа да биде стрелец на седум последователни натпревари во Бундеслигата, што му успеа само на Тим Вернер. Со тимот го освои трофејот во Суперкупот на Германија во 2023 година. Минатата сезона постигна 18 гола на 42 натпревари во сите натпреварувања.

Сега има обврска наречена Европско првенство, каде заедно со Словенија во иста група се и Србија, Данска и Англија.