Гигантите на готовс, Баркола го одби новиот договор од ПСЖ!

Бредли Баркола донел одлука да не ја прифати понудата за продолжување на договорот со ПСЖ, со што се отворија нови прашања околу неговата иднина во актуелниот европски шампион. 

Францускиот репрезентативец засега останува фудбалер на ПСЖ и има важечки договор до 2028 година, но одбивањето на новиот договор ги засили шпекулациите дека би можел да го напушти Париз во летниот преоден рок.

Според информациите од француските и англиските медиуми, интерес за 23-годишното крило покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои Ливерпул и Арсенал. ПСЖ, пак, не сака лесно да се откаже од својот офанзивец и би барал огромна сума за негов трансфер (околу 150 милиони евра). 

Баркола пристигна во ПСЖ од Лион во 2023 година и постепено се наметна како еден од најталентираните француски напаѓачи. Сепак, конкуренцијата во тимот на Луис Енрике и желбата за поголема улога се меѓу причините поради кои неговата иднина во клубот сега е под знак прашалник.

Доколку не се постигне договор за нова соработка, ПСЖ ќе мора да одлучи дали ќе го задржи Баркола до истекот на договорот или ќе прифати богата понуда за неговите услуги.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.