• Иван Димовски
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/05/06/ruben-amorim.jpg?itok=K6bgt3Cs)
Еден од најпопуларните тренери во овој момент е Рубен Аморим од Спортинг, кој се поврзуваше со преземање на повеќе европски гиганти. Сепак, тој веројатно нема да ја менува средината. Самиот Аморим нагласи дека не размислува за заминување од клубот од Лисабон и дека има договор.
„Останувам во Спортинг. Имам договор со клубот, ова е посебен момент за мене“, изјави Аморим.
Инаку, Аморим има активен договор до 30 јуни 2026 година. Најзагреан за неговиот потпис беше Ливерпул, кој решението го пронајде во Арне Слот, а се споменуваа и други гиганти. Спортинг со победата над Портимоненсе од 3-0 во 32. коло на две рунди пред крајот на шампионатот ја обезбеди титулата во Португалија.
Рубен Аморим го презеде Спортинг во 2020 година, а на македонската јавност му е познат како тренерот кој го „избрка“ Стефан Ристовски од португалскиот тим.