• Сашо Поповски
Името кое често може да се сретне во фудбалскиот свет оваа сезона е младиот Ерлинг Халанд.
Норвешкото „чудо од дете“ блеска во дресот на Салцбург, што не остана незабележано од половина Европа. Голем број екипи го посакуваат во своите редови и се надеваат дека тие ќе бидат идната дестинација на 19-годишникот.
Бившиот фудбалер на Молде е свесен дека нема уште долго да игра во Австрија, а последниот потенцијален купувач е големо изненадување за сите.
Се работи за „братскиот“ клуб на австрискиот прволигаш, РБ Лајпциг. Бундеслигашот смета дека е најдобрата екипа во која ќе продолжи развојниот пат на Норвежанецот.
Германскиот тим има доста млади играчи и се чини е перфектното место за Халанд, но треба да се земе предвид интересот и конкуренцијата од екипи како Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен...