Гигантите ќе извисат, Доминик Собослаи ќе заврши во „братскиот“ клуб?

Одличниот офанзивен играч за врска, Доминик Собослаи го привлече вниманието на себе со одличните партии во дресот на Салцбург. Уште еднаш компанијата Ред Бул докажа дека има неверојатна скаутинг мрежа и исфрли нов талент, за кој се интересираа голем број великани. 

Собослаи минатата зима беше близу до трансфер во Милан, но откако отпадна доаѓањето на Ралф Рангник, Унгарецот остана во Австрија. Интересот од „росонерите“ сè уште постои, но за него силно се заинтересирани и Арсенал, Реал Мадрид и Баерн Минхен кои беа во контакти со претставниците на Салцбург. 

Сепак, според најавите на угледниот „Скај“ Собослај многу веројатно уште оваа зима ќе прејде во „братскиот“ клуб РБ Лајпциг. Наводно, меѓу клубовите веќе е сè договорено и во наредниот период ќе биде официјализиран трансферот. Унгарскиот офанзивец има откупна клаузула од 25 милиони евра, но нема сомнение дека доколку продолжи да се развива неговата цена драстично ќе скокне.