Гигантите бараат релегација на шест тимови кои работат за „саботажа“ на ПЛ

Премиер лигата е меѓу најактивните организации која се бори првенството да биде рестартирано и преостанатите кола доиграни. Иако најавите се дека сите клубови се за исто сценарио, изминативе денови беа изнесени нови информации од медиумите во Англија

Според нив, шест екипи кои се наоѓаат во долниот дел од табелата, но не се во зоната за исфрлање, се против рестарт на лигата. Таквиот став е поради тоа што при прекин и целосно поништување на сезоната, тие би останале безбедни во елитата на англискиот фудбал, наместо да ризикуваат при продолжување да се најдат во опасната зона. 

Угледниот „Мирор“ на еден начин ги потврди тврдењата, но дури и нагласи дека најсилните тимови во Англија ќе бара казни и исфрлање од лигата за екипите кои се обидоа да го „саботираат“ враќањето на фудбалот.

За продолжување на лигата при гласање на учесниците е потребно двотретинско мнозинство, што значи дека 14 тимови треба да се изјаснат за или против за одлуката да биде конечна, па доколку уште барем еден тим освен наведените шест гласа против, фудбалот може да доживее колапс.