Гибс-Вајт го покажа расеченото лице, не се знае дали ќе игра против Вила во ЛЕ!

Фудбалерот на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, предизвика големо внимание откако објави фотографии од повредата на лицето добиена на последниот натпревар во Премиер лигата. 

Тој се здоби со сериозна повреда по силен судир со голманот на Челзи, Роберт Санчез, при што заработи длабока расекотина на челото и носот, која морала да биде зашиена.

И покрај тешката повреда и крвавото лице, Гибс-Вајт се огласи на социјалните мрежи со позитивна порака, покажувајќи дека е во добро расположение по победата на својот тим.

Сепак, неговиот настап на претстојниот натпревар против Астон Вила во Лига Европа е под знак прашалник. Од клубот се надеваат дека ќе биде подготвен, но конечната одлука ќе зависи од лекарските прегледи и процесот на закрепнување.

Инцидентот дополнително ја загрижи стручната јавност, особено поради тоа што натпреварот доаѓа само неколку дена по повредата, а правилата за вакви ситуации бараат внимателен пристап пред враќање на теренот.

Состави

4-2-3-1

    Витор Переира

    4-4-2