• Зоран Мишевски

14 месеци сениорската репрезентација на Гибралтар не постигнала гол на официјален натпревар, а сите дуели во последните две години ги загубила. Последен натпревар во кој Гибралтар извлекол реми е натпреварот против Лихтенштајн на 23 март 2016 години, кога како домаќин во Португалија Лихтенштајн извлече 0-0.
Претходно на 24 мај 2014 година, малата земја на Пиринејскиот полуостров ремизираше пред своите симпатизери против Естонија, 1-1.
Сите официјални натпревари на Гибралтар во 2017 година:
Босна и Херцеговина – Гибралтар 5-0
Гибралтар – Кипар 1-2
Белгија – Гибралтар 9-0
Гибралтар – Босна и Херцеговина 0-4
Гибралтар – Естонија 0-6
Грција – Гибралтар 4-0
Што се однесува до пријателските натпревари, на 25 март годинава Гибралтар на својот „Викторија стадиум“ ја совлада Летонија со 1-0 со голот на Вокер во 88. минута, што е историски триумф пред своите симпатизери за следниот противник на избраниците на Игор Ангеловски.
Оваа победа е најважна победа за сениорска селекција на Гибралтар, откако стана членка на ФИФА во 2013 година.