• Зоран Мишевски

По многу нешта натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија е историски за домашната селекција. За првпат натпревар од официјален карактер, селекцијата на Гибралтар ќе игра на домашен терен, на својата територија. По преселби и домаќинства главно во Португалија, Гибралтарците пред своја публика ќе се обидат да ја изненадат Македонија.
This Thursday 6 Sep ‘18 Gibraltar plays its FIRST ever competitive international match on HOME soil.
Football’s coming HOME.
GIBRALTAR FYR MACEDONIA
BE THERE https://t.co/tSGyEkY6rQ pic.twitter.com/bywb04nSpF
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) September 1, 2018
Фудбалскиот сојуз на оваа земја го најавува натпреварот со денови, националните медиуми обраќаат повеќе внимание од вообичаеното, а и билетите се скоро распродадени. Три четвртини од влезниците веќе ги купија домашните фанови, а преостануваат уште 600 билети кои веројатно ќе бидат продадени во следните два дена.
Билетот чини од 10 до 20 евра во зависност од местото на „Викторија стадионот“, кој собира 2.600 гледачи, но за потребите на овој натпревар капацитетот е намален на 2.000 гледачи. Иако има свој сектор на гостински навивачи, Македонија ќе биде без поддршка в четврток навечер.
Гибралтар е најмалата земја која била ривал на нашата репрезентација, а во Скопје ќе гостува на 19 ноември.

