Гибралтар поднесе жалба до УЕФА поради „навредливи скандирања“ од шпанските фудбалери

Фудбалската федерација на Гибралтар поднесе официјална жалба до УЕФА за извиците и скандирањата на шпанските фудбалери за време на прославата на титулата од Европското првенство. 

Играчите на „фуријата“ во неколку наврати скандираа „Гибралтар е Шпанија“, а федерацијата од малата островска земја го оквалификувала потегот како „исклучително провокативен и навредлив“, наведувајќи дека „во фудбалот нема место за вакво однесување“. 

Гибралтар ѝ припаѓа на Велика Британија од далечната 1713 година, но Шпанија со децении води дипломатска војна, барајќи островот да ѝ биде препишан како нејзина територија. Се очекува УЕФА сериозно да го разгледа случајот, но не би требало да изрече некоја ригорозна казна за шпанската федерација, иако Англија и Гибралтар можеби очекуваат такво нешто.