Гибралтар ќе игра дефанзивни 5-4-1 со Касеиро како единствен напаѓач

Селекцијата на Гибралтар утре ќе ги започне натпреварите од четвртата група од Лига Д на Лигата на нации против Македонија во формација 5-4-1, само со Ли Касиаро во шпицот на нападот.

Утрово од 10:00 часот Рибас го одработи последниот тренинг на „Викторија стадиум“ и ако нема изненадувања во последен момент, нашиот противник ќе излезе на мегдан со дефанзивна формација.

Гибралтар - можен состав:

Голдвин; Р. Чиполина, Саугент, Оливес, Гарсија, Џ. Чиполина; Бардон, Вокер, Хернандез, Дебар; Касеиро

Натпреварот ќе го водат судии од Данска, а главен е младиот Јенс Мае.