„Гибралтар е Шпанија“ ги чинеше Мората и Родри суспензија од УЕФА

Дисциплинската комисија на УЕФА реши да ги суспендира шпанските репрезентативци, Алваро Мората и Родри, кои добиваат пауза од еден интернационален натпревар поради скандирањето „Гибралтар е Шпанија“ по освојувањето на Европското фудбалско првенство.

Во соопштението се вели дека „двајцата фудбалери се казнети поради општите принципи и правила на однесување на манифестацијата при доделувањето на пехарот од Европското првенство“. Според УЕФА, нивното скандирање го доведува во прашање немешањето на политиката во спортот, како и пристојното однесување и спортскиот фер-плеј. 

Ова е втора казна изречена поради непримерно однесување на континенталниот собир, а првата беше за албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, кој ги навредуваше Македонците и Србите по мечот со Хрватска