Ги реши во финалето на СКП, па во ПСЖ се подготвени да го срушат рекордот за да го купат

По убедливиот пораз од Челси (0-3) во финалето на Светското клупско првенство, раководството на Пари Сен Жермен сериозно размислува за нова „бомба“ на трансфер-пазарот.

Според шпанскиот „Фичахес“, францускиот гигант е подготвен да понуди вртоглави 250 милиони евра за ѕвездата на Челси, Кол Палмер. Фудбалерот кој блесна во Њу Џерси со два гола и една асистенција против ПСЖ веднаш ги привлече очите на овој клуб врз себе. 

Ако парижани ги исполнат најавите, тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Актуелниот рекорд сè уште го држи токму ПСЖ, кој во 2018 година плати 222 милиони евра за Нејмар, додека на второто место е зделката при трансферот на Килиан Мбапе од Монако за 180 милиони.

Со евентуалниот потпис на Палмер, „светците“ би станале клуб со трите најскапи трансфери во фудбалската историја.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.