• Саше Љолес
Досегашниот играч на Реал Мадрид, Хесус Ваљехо, направи малку изненадувачки трансфер и ќе го носи дресот на шпанскиот второлигаш, Албасете.
Ваљехо беше член на „кралевите“ цела деценија, но никогаш не успеа да се наметне во првиот тим и одигра само 22 првенствени натпревари. Во меѓувреме беше на неколку позајмици во Сарагоса, Ајнтрахт Франкфурт, Вулверхемптон и Гранада.
Како играч на Реал Мадрид, Ваљехо освои многу трофеи, а најзначајни се двете титули во Лигата на шампионите и трите од Светското клупско првенство.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.








