• Иван Димовски
Скандал каков што веројатно може да се види во Африка го краси репрезентативниот табор на Гвинеја непосредно пред Африканскиот куп на нации.
Репрезентативецот Морлаје Сила пред неколку месеци по пријателскиот натпревар со Бразил го замени дресот со Винициус Жуниор. Сепак, тој го загуби вредниот сувенир и за тоа ги обвини прво соиграчите, а потоа селекторот Кабу Диавара. Челниците на сојузот и раководните лица побараа извинување од него за обвиненијата, меѓутоа не ги добија.
Сега, селекторот на Гвинеја го „прецрта“ Сила кој настапува за португалска Арука и не го вметна на списокот повикани фудбалери за Африканскиот куп на нации.