• Мартин Танасковски

Третите лиги во Македонија полека се ближат кон крајот, а во три од четирите конкуренции веќе се познати шампионите кои ќе играат за второлигашки статус.
Најдобар клуб во Западната конкуренција е екипата на Камјани, која е убедлива на лидерската позиција пред Велазерими и Џепчиште и ја освои првата титула во историјата.
Во Северната лига, екипата на Еуромилк и математички е шампион пред БВК Коњаре. На Југозападот, прв е Влазними по победата во директната пресметка со Могила. Во Третата лига - Југ, најдобар е Борец од Велес, некогашен прволигаш, исто како што беше и Еуромилк.
Непознат е шампионот во Третата лига - Исток, каде води Победа Валандово со 38 бода, пред Овче Поле со 37 бода. Третопласиран е Ударник со 32 бода. Екипите до крајот имаат уште три меча.