• Горан Упале

Екипата на Охрид загуби уште еден домашен натпревар во Втората македонска фудбалска лига. Пред своите гледачи охриѓани не го сочуваа водството од 1-0 и по пресврт беа поразени од лидерот на табелата Гостивар.
Но, од редовите на клубот од покрај езерото сметаат дека на овој дуел се драстично оштетени во неколку наврати и бараат доколку грешките се ненамерни да се најде начин за решавање на истите.
„Денес на натпреварот против екипата на Гостивар бевме оштетени во повеќе наврати. Уште од самиот старт, еден дерби натпревар кој требаше да биде фудбалски празник беше пресечен од судиската тројка со престрого доделениот црвен картон во 10-тата минута. Во никој случај не сакаме ни да помислиме дека тие беа тендециозни. И во минатото бевме драстично оштетени.
Ако грешките се ненамерни нека се пронајде начин за решавање на истите. На пример ВАР технологија која што е достапна во втората косовска лига.
Се надеваме дека во иднина ќе имаме фер судење. Ние како клуб ќе продолжиме да работиме на организација и напредок во клубот и ништо нема да не спречи во таа намера. Во прилог ги имате спорните ситуации од натпреварот. Спортски поздрав. ГФК Охрид Лихнидос“, се вели во соопштението на охридскиот клуб.
По дванаесет одиграни кола Охрид има запишано седум победи со четири порази, а еден натпревар заврши без победник.