ГФК Охрид сега со две победи има есенска титула во свои раце!

Се чинеше дека Шкендија Арачиново ќе биде есенски првак, затоа што одложените дуели од Втората лига требаше да се играат во месец февруари, но Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги смести дуелите во декември, со цел да се исполни календарот.

Со тоа, се менува целата ситуација. Сега за есенски првак главен фаворит е ГФК Охрид. „Рибарите“ имаат два одложени меча, во кои важат за фаворити, а кои ако ги добијат, ќе завршат на лидерското место на паузата.

Ваков расплет не се очекуваше, но ГФК Охрид ја подигна формата и ги изненади сите кои веќе го отпишаа тимот предвреме. Охриѓани имаат две гостувања, кај две екипи кои се во зоната за опстанок.

ГФК Охрид прво гостува кај Големо Коњари (3 декември, 13:00), а потоа следи гостување кај тимот на Слога Виница (7 декември, 13:00). Табелата на ситуацијата е следна - Шкендија Арачиново 35 бода, Брегалница 33 бода, Беласица 31 бод, па ГФК Охрид 30 бода.

Со две победи, есенската круна е гарантирана!