• Редакција Gol.mk

Натпреварот од 25. коло на Втората фудбалска лига (ВМФЛ) меѓу Беласица и Кожуф заврши без голови. Иако шанси имаше на двете страни, на крајот мрежите мируваа во дуелот на „Благој Истатов“.
Гевгеличани негодуваат за неизедначениот критериум на судијата Марјан Дејаноски. Имено, највпечатливи беа неколку грешки на асистентот судија, кој неосновано регистрираше недозволена позиција, иако немаше потреба за тоа.
Кожуф е деветти со 36 бода, а Беласица петта со 49 бода на пет кола до крајот на шампионатот.





