Гест за почит: Шкотските навивачи донираа спортска опрема на клуб од Кочани!

Шкотските навивачи не дојдоа во Македонија само за вечерашниот натпревар со нашата репрезентација во Лигата на нации, туку уште еднаш покажаа дека фудбалот може да биде повод и за хуманост.

Во пресрет на дуелот меѓу Македонија и Шкотска, претставници на „Тартанската армија“ го посетија Кочани, каде преку своите добротворни организации „Тартан Арми Саншајн Апел“ и „Тартан Арми Детска Добротворност“ (TACC) помогнаа на локалната заедница.

Во Горни Подлог, на теренот на ФК Фудбал Старс, во присуство на военото аташе - потполковник Дениз Мекмахон и претставници на шкотските навивачи, беше предадена донација наменета за клубот.

Донацијата вклучува тракторче за косење трева, како и спортска опрема, со што ќе се подобрат условите за тренинг и работа на младите фудбалери.

Овој гест уште еднаш ја потврди хуманитарната страна на „Тартанската армија“, чии навивачи покрај поддршката за својата репрезентација, често организираат акции со кои им помагаат на локалните заедници каде што гостуваат.