• Мартин Танасковски

Герсон Родригеш дојде како големо засилување во Вардар, но може да ја заврши авантурата во Скопје порано од предвиденото. Крилниот играч во моментов е во клупските простории на состанок, за тоа информираше самиот преку социјалните мрежи.
Најдобриот стрелец во историјата на Луксембург објави видео од тренинг-кампот на Вардар во Хиподром, од каде соопшти дека „чека да види како ќе се движи случајот и дали ќе може да се реши ситуацијата“.
„Во моментов сум во клубот, чекам за повеќе информации да видам како ќе се движи случајот и ако можеме да го решиме. Ќе чекаме да видиме што ќе се случи, чекајте, ќе ве информирам сите. Се гледаме наскоро“, кажа Родригеш во обраќањето.
Родригеш остави добар впечаток во европските натпревари, но е далеку од посакуваната форма по стартот на домашното првенство во кое Вардар заостанува осум бода во однос на лидерот Шкендија.




