• Мартин Танасковски
Крилото Герсон Родригеш дојде во Вардар како големо засилување, но замина по само три месеци. Се очекуваше повеќе од соработката, но откако не се доби, следеше раскин на договорот и разделба.
31-годишниот играч се враќа да игра фудбал во Украина. Офанзивецот потпишал договор со украинска Зорја која во моментов се наоѓа на осмото место во најдобриот шампионат на Украина и посакува битка за излез во евро-куповите.
Украина не е енигма за Герсон, тој таму ги имаше најдобрите настапи во кариерата како играч на Динамо Киев, со кого играше и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.
Во дресот на Вардар, Родригеш одигра шест натпревари, на кои постигна еден гол и забележа уште две асистенции.

