Германско лудило во Менхенгладбах: Ајнтрахт слави во меч со ДЕСЕТ гола! (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт слави во неверојатен натпревар на гостински терен кај Борусија Мехненгладбах со вртоглави 4-6 (0-5) во петтото коло од Бундеслигата. На „Борусија Парк“ се одигра сè освен обичен и здодевен дуел, а за жал за домашните посреќни и подобри беа гостинските фудбалери. 

  • Извештај од натпреварот:

По мирните стартни десет минути Ајнтрахт набрзина со головите на Робин Кох и Ансгар Кнауф поведе со 0-2. Следуваше нов помирен период и одново два брзи гола, овојпат преку Буркард и Чаиби. До полувремето за гостите погоди и Узун и зголеми на огромни 0-5. 

За шокот да биде поголем за Борусија, Робин Кох во втората минута од вториот дел успеа вторпат да погоди и Ајнтрахт поведе со 0-6. 

Успеа домаќинот да се консолидира пред завршницата. Прво погодија Кастроп и Табаковиќ до 78. минута за 2-6, потоа Енгелхард намали на „минус три“ и за крај во деветтата дополнителна минута Ранос реализира за конечните 4-6.