Германски петтолигаш кој ќе игра со Баерн се потсмева на Барселона и Шалке

Баерн Минхен има неверојатни резултати зад себе и во последните неколку месеци во два наврати даваше по осум гола, а еднаш тоа беше против големата Барселона во Лигата на шампионите. 

За три дена, Баерн во Купот на Германија ќе се сретне со нисколигашот Дурен, од оваа екипа испратија порака за потсмев до Шалке 04 и Барселона пред мечот со европскиот првак. Еден од челниците на Дурен изјави: „Посакувам само да бидеме подобри од Барселона и Шалке“.

Јасно е дека тој алудираше на осумте примени голови и најави дека неговиот тим ќе се труди само да не биде посрамотен.