Германски клуб ќе го бојкотира СП во Катар

Преостануваат уште нешто помалку од два месеци до стартот на најчудното Светско фудбалско првенство. 

Но, откако Катар го доби домаќинството, постоеше големо незадоволство, кое се искажува и до ден денес. Причините лежат во тоа што Катар доби можност да го организира Мундијалот на прилично контроверзен начин и за време на изградбата на стадионите загинаа 6.500 работници на градилиштата.

Бројни фудбалски ѕвезди веќе јавно проговорија дека нема да го следат овој Мундијал, а германскиот бундеслигаш Хофенхајм од денес стана првиот европски клуб кој најави бојкот на шампионатот. 

„Во поновата историја секое големо фудбалско натпреварување ширум светот го следевме со големо внимание. Се фокусиравме на играчите кои ја претставуваат својата земја и нашиот клуб. Но, годинава нема да го следиме Светското првенство во Катар“, напишаа на социјалните мрежи.

Шампионатот во Катар започнува на 20 ноември со дуел меѓу домашната селекција и Еквадор.