Германски „Auswärtsspiel“: На Мурињо му треба нов Горан Пандев...

Прашањето кое во денешно време најчесто се поставува кога ќе се спомне името на Жозе Мурињо е: „Дали и натаму тој е „специјалниот?““

Португалецот важи за еден од најдобрите стручњаци во последните 20 години, но покажува знаци на слабост во последните неколку години. Најпрво во Манчестер Јунајтед, а сега и во Тотенхем има потешкотии да ја наметне и да ја имплементира својата филозофија, која му донесе огромни успеси во кариерата.

Колумна напишана во германски „Auswärtsspiel“ пишува дека на Мурињо му е потребен фудбалер како Горан Пандев. Сите се сеќаваат на лојалноста која португалскиот тренер ја уживаше од фудбалерите на Интер, особено од македонскиот репрезентативец. Тој се жртвуваше и прифати улога на левата странична позиција, наместо неговата омилена сентрална напаѓачка улога на теренот.

Фудбалерите веќе не се на страна на 58-годишникот од Сетубал. Тоа може да се забележи од деновите минати на „Олд Трафорд“ и сега меѓу „петлите“ од Лондон. Може да се каже дека тој веќе ја нема онаа препознатлива контрола над соблекувалната, што според него е клучен фактор за успех.

За првпат во кариерата, Мурињо не успева да ги убеди играчите дека она што го запишал на таблата за тактики е вистинската работа која што треба да се следи и да се направи за да се успее. Тотенхем загуби многу бодови во завршницата од натпреварите, што е раритет во кариерата на еден од најпознатите менаџери на денешницата.

Германскиот новинар пишува дека на Мурињо му е потребна нова идеја, можеби еден нов Горан Пандев, кој „слепо“ ќе ги следи неговите совети и тактики...