Германски арбитри ќе ѝ судат на Македонија на баражот во Копенхаген

Европската фудбалска федерација - УЕФА ги одреди официјалните лица за плеј-оф натпреварите во баражите за Светските првенства. 

Македонија ќе ѝ гостува на Данска во полуфиналниот сегмент од баражот, а веќе се познати и судиите за натпреварот. Правдата во Копенхаген ќе ја дели искусниот германски судија Феликс Цвајер. 

Помошниците се исто така Германци, а крај аут-линиите ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, додека четврти судија е Даниел Шлагер. Во ВАР собата главен ќе биде Бастијан Данкерт, а Саша Штегеман ќе биде асистент. Делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.

Натпреварот во Копенхаген меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март.