• Иван Димовски

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Германија, Филип Лам упати критики до ФИФА поради доделувањето на Светското првенство во 2034 година на Саудиска Арабија. Критиките беа поради државното уредување на оваа земја, а Лам не е единствен со таков потег.
„Важно е големите натпреварувања да се одржуваат во демократските земји. Под други политички околности, би поддржал доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Во спортот сме навикнати на демократско одлучување во спортовите, а тоа кај Саудијците не е така. Не беше во ред два Мундијали да се доделат со едно гласање. Можевте да гласате за двете или против двете“, изјави Лам.
Слично беше и со претходниот Мундијал кој се одржа во Катар. Тогаш се зборуваше за искористувањето на луѓето, кршењето на основните права и слично.