• Иван Димовски
Домашната репрезентација на следното Европско првенство, Германија, веројатно ќе биде посилна за едно звучно и искусно име.
Својот кам-бек во репрезентацијата го најави легендата Тони Крос. Фудбалерот на Реал Мадрид ќе биде дел од националниот тим за мартовските тестови, па доколку сè тече според планот, се очекува да биде и меѓу повиканите за настап на евро-шампионатот во јуни.
Инаку, Крос се повлече од репрезентативниот дрес по осминафиналната елиминација на претходното Европско првенство во 2021 година. Крос беше капитен, меѓутоа по натпреварот на 29 јуни најави дека оди во репрезентативна пензија, а сега го смени мислењето.