Фудбалерите на Баерн Минхен со трофеј ја започнаа новата натпреварувачка сезона во Германија. Најтрофејниот бундеслигаш ја оправда улогата на фаворит и со минимални 1-2 (0-1) славеше над Штутгарт во домашниот Суперкуп, кој што се одигра на „МХП Арена“.
Германската фудбалска асоцијација донесе одлука дека во иднина Суперкупот на оваа земја ќе го носи името на славниот Франц Бекенбауер, кој во јануари почина на 78-годишна возраст.
Баер Леверкузен и Штутгарт вечерва се сретнаа во германскиот Суперкуп и одиграа возбудлив натпревар, на кој решаваа пеналите. На крајот се радуваше актуелниот освојувач на двојната круна. Во регуларниот дел резултатот беше 2-2, а по пеналите 4-3.