Баерн Минхен ја заокружи сезоната во германскиот фудбал со двојна круна, откако во финалето на Купот на Германија го совлада Штутгарт со убедливи 3-0 (0-0) на „Олимпискиот стадион“ во Берлин. Херој на баварскиот гигант беше Хари Кејн, кој со хет-трик во второто полувреме го реши финалето и му го донесе трофејот на својот тим.